Хроника

Се претставил како инспектор – на жена ѝ зел 2.000 евра и 1.000 долари

Ѝ соопштил дека нејзините внуци биле вмешани во сообраќајна несреќа во која загинало дете.

Полициската станица од општа надлежност Прилеп поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, на 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп, одземајќи 2.000 евра и 1.000 американски долари. Тој лажно се претставил како инспектор во странство и ѝ соопштил дека нејзините внуци биле вмешани во сообраќајна несреќа во која загинало дете.

Со цел да ја доведе во заблуда, побарал пари за наводно да издејствува ослободување на нејзиниот внук од кривична одговорност и избегнување затворска казна. Жената, верувајќи во изнесеното, ги оставила парите на претходно договорена локација.

По преземени оперативни мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, осомничениот е лишен од слобода, а од надлежен судија му е определена мерка притвор. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Хроника

„Докторот“-измамник П.С.од Охрид осуден на 5 и пол години затвор, бидејќи зел 56 илјади евра од осум граѓани од Штип и Виница за „итни операции“ на нивни блиски!

Пет години и шест месеци затвор доби П.С. од Охрид, кој во текот на јануари годинава измамил осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, претставувајќи се како доктор и барајќи пари за наводни итни операции на нивни блиски. Ги убедувал дека нивните деца или внуци имаат „тешки повреди“ и оти „итно се потребни пари за операција“.

(Видео): Ја убил поранешната сопруга, па продолжил со масакрот – најмалку 6 мртви

Според Хуриет, Метин О. (37) ја убил својата поранешна сопруга Ариза Озден (32) во населбата Дарипинари, а потоа избегал и отишол во ресторан во населбата Кадели Дертлер во округот Тарсус, каде што ја продолжил својата крвава гозба.

Малолетен насилник (16) се нафрлил врз врсник во Аеродром, па нападнал возрасен (25) што тргнал да го брани

Малолетен насилник (16) завчера доцна вечерта во трговски центар на подрачјето на Аеродром се нафрлил со тврд предмет на врсник, а потоа нападнал и постар скопјанец кој се вклучил да го одбрани нападнатиот малолетник. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Скопје

To top