Свет

Макрон: Престанете со нападите врз постројките за гас и нафта на Блискиот Исток

„Цивилното население и нивните основни потреби, како и безбедноста на снабдувањето со енергија, мора да бидат заштитени од воена ескалација“, додаде тој

 

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на прекин на нападите врз нафтените и гасни постројки на Блискиот Исток, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани за војната во Иран.

„Во наш заеднички интерес е без одлагање да спроведеме мораториум на нападите насочени кон цивилната инфраструктура, особено објектите за снабдување со енергија и вода“, рече Макрон во објавата на платформата X.

„Цивилното население и нивните основни потреби, како и безбедноста на снабдувањето со енергија, мора да бидат заштитени од воена ескалација“, додаде тој.

Макрон рече дека разговарал со Ал Тани и Трамп „по нападите што ги погодија капацитетите за производство на гас во Иран и Катар“ во средата.

Катар е еден од најголемите светски производители на гас и исто така игра клучна улога во глобалното снабдување со течен природен гас.

 

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

To top