Македонија

Штип: Лишени од слобода три лица, одземено возило, изречени 40 санкции

Акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Штип

Денеска (19.03.2026 година) во периодот од 07:00 до 13:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на град Штип со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштија од МВР.

При контролата изречени се вкупно 40 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив три за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило со неисправни светлосно сигнални уреди, една мерка за возач почетник, шест мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, три мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, две мерки за некористење на сигурносен појас, пет мерки за користење на мобилен телефон, една мерка за некористење за заштитен шлем и шест мерки за останати прекршоци. Поднесени се и девет барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

Три лица се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола.

За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.  Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top