Македонија

Благословен и честит нека е празникот Рамазан бајрам

Овој празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. тој е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов

Дозволете ми, на сите верници од исламска вероисповед, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан бајрам, се вели во честитката упатена од претседателката на Македонија по повод денешниот празник на верниците од иисламска вероисповед..
„Овој празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов.
Енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница.
Во време кога човештвото се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина.
Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија. Со цврста волја, силна верба и заедништво, ќе ги надминеме сите предизвици и тешкотии.
Бајрам Шериф Мубарек Олсун.
Благословен и честит нека е празникот Рамазан бајрам“ честиташе претседателката..

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Очекуваме евроинтеграција врз јасни критериуми и исполнување реформски обврски, а не да биде оптоварена со билатерални прашања!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата имаше средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. По средбата искажа благодарност до ЕУ за поддршката, која ја добива Македонија во реализација на проектите. „Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Мицкоски.

ДУИ и Ахмети повикуваат на учество на втор протестен марш против одлуката на Уставниот суд и за враќање на старите имиња на улиците во Тетово

ДУИ денес официјално повика на учество на вториот протестен марш, кој ќе се одржи в сабота во Тетово, како реакција на одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката за именување на улиците и враќање на старите имиња. Од партијата нагласија дека протестот ќе биде мирен и граѓански, со цел, како што велат, да се заштитат Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност.

Мицкоски: Наместо да прават политичка гимнастика и естрада, СДСМ и Левица да усогласат текст, со препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, ќе го прифатиме

Договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, им порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на СДСМ и Левица во врска со измените на Изборниот законик. Тој ги оцени нивните реакции како политичка гимнастика и естрада.

Кос задоволна од сработеното на владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ

Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи, за тоа што е усогласеност со европските стандарди и затоа Македонија се квлификуваше во групата на земји на кој што ќе дадеме дополнителни средства за Планот за раст, и го дискутиравме ова навистина многу, ова не е толку очигледно. Може да дојдете до врвот, затоа што ги испорачувате очекувањата и навистина сум среќна што можам да ве уверам дека вашата земја се наоѓа токму во таа група, истакна на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Најнови вести

To top