Македонија

Три моста во центарот на Скопје блеснаа со нов сјај

Проектот е дел од напорите за зачувување на препознатливите градски обележја

Во срцето на Скопје вечерва повторно блеснаа три моста. Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста добија ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ги истакнува нивните линии и им враќа сјај што подолг период недостасуваше.

Свеченото пуштање во употреба го изведоа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската Општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот е плод на Протоколот за пријателство и соработка меѓу двата града.

„Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук, споделувајќи ги првите фотографии од новоосветлениот симбол на градот.

На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција Алпер Акташ, извршниот директор на Халк банка Фатих Шахбаз и почесниот конзул Ајдован Адемоски. Градоначалникот посебно ја истакна улогата на новото осветлување:

„Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме колку убаво Скопје имаме!“

Тој потсети дека Камениот мост не е само сообраќајна врска, туку живо сведоштво:

„Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот.“

Според Ѓорѓиевски, обновувањето на осветлувањето е дел од пошироките напори за зачувување и уредување на препознатливите обележја на градот. Тој им се заблагодари на партнерите од Есенлер и на сите што помогнале проектот да стане реалност.

„Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите – така се гради пријателство што остава трага“, нагласи градоначалникот и додаде:

„Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост.“

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

To top