Дивеењето на возач од Штип низ градот под Исарот не остана незабележано од полицијата, која со специјално возило пресретнувач му измери движење со 105 км/ч во населено место кадешто дозволената брзина е 50 км/ч.
„Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ‘Гоце Делчев’ во Штип од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи, измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ‘голф’ со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција.
Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата“, соопшти МВР.