Македонија

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

„Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот.

Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот. Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.

Рокот за завршување на овој значаен проект е Февруари 2029 година. Развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување на нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.

Министерствоto за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително со проектот за Градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ја подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз”, објави Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top