Македонија

(Фото): Заживување на локалниот развој во Свети Николе и во Чешиново-Облешево

Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој и Програмата за намалување на диспаритетите, дополнително дава можност на општините да аплицираат со проекти со цел подобрување на локалната инфраструктура, унапредување на јавните услуги и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.

Конкретни инвестиции, резултати и можности за засилена соработка меѓу централната и локалната власт беа клучните теми на разговор на работните посети на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во општините Свети Николе и Чешиново – Облешево. Во директни разговори со градоначалниците, членовите на Советот и претставници на општинската администрација, беа разгледани тековните активности, приоритетите на локално ниво и напредокот во реализацијата на инфраструктурните проекти, со посебен акцент на мерките што носат непосредни придобивки за граѓаните.

Воедно, министерот Перински информираше дека во Ресурсниот центар за поддршка на општините, веќе  е воспоставена солидна база од експерти за стручна и техничка помош, а тоа значи овозможување на директна поддршка на општините на нивно барање. Притоа, беше најавено и започнување на нов процес за разгледување на потребата од измени на законското решение за меѓуопштинската соработка, со цел поттикнување и унапредување на овој важен инструмент за поефикасно користење на ресурсите и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Со поддршка на Владата во рамки на двата јавни повика за финансирање на проекти за капитална инфраструктура, за двете општини се обезбедени значајни средства:

  • За Општина Свети Николе финансирани се 23 проекти, во вкупна вредност од 168.434.241 денари;
  • За Општина Чешиново – Облешево обезбедени се средства за 9 проекти, во вкупна вредност од над 60 милиони денари.

  • „Овие инвестиции се директен одговор на потребите на граѓаните и доказ дека со координиран пристап и партнерство со општините, обезбедуваме рамномерен развој и подобри услови за живот во сите региони“, истакна министерот Перински.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, посочи дека општината активно работи на подготовка и реализација на развојни проекти „Во изминатиот период, активно работевме на подготовка и аплицирање на повеќе значајни проекти до Министерството за локална самоуправа. Овие проекти се насочени кон развој на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот за сите наши граѓани.“

Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој и Програмата за намалување на диспаритетите, дополнително дава можност на општините да аплицираат со проекти со цел подобрување на локалната инфраструктура, унапредување на јавните услуги и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.

  • „Во претходниот период веќе се реализирани два значајни инфраструктурни проекти – изградба на две улици во село Соколарци, со вкупна вредност од околу 2,5 милиони денари, како и изработка на техничка документација и проект за патниот правец Облешево – Спанчево, во вредност од околу 900.000 денари“, нагласи градоначалникот Јорданче Костадинов.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top