Македонија

АВМУ со „лекција“ за новинарот Адеми за непристојниот однос кон министерката Јаневска

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му укажа на претставникот на седмата сила дека провокацијата не е новинарство

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) излезе со свој став за пречекорената линија на пристојност од новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово.

„Во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека медиумските работници при извршување на својата професија треба доследно да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи.

Комуникацијата помеѓу новинарите и носителите на јавни функции треба да биде коректна, достоинствена и базирана на заемна почит, со висок степен на професионализам и одговорност.

Агенцијата потсетува дека критичкото известување и поставувањето прашања се суштински дел од новинарската работа, но тие треба да бидат формулирани и презентирани во согласност со етичките норми на начин што не навредува, не дискредитира и не создава непотребни тензии“, соопшти АВМУ.

При посетата на тетовското училиште „Моша Пијаде“ Адеми ја праша Јаневска дали си зела преведувач, а на нејзиниот негативен одговор тој ѝ дофрли: „Ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да земеш преведувач“

Јаневска на тоа реагира дека не ѝ треба преведувач и оти не знае кому му треба преведувач во Македонија за македонски јазик.

 

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

Galaxy A57 5G и A37 5G имаат елегантен дизајн, моќна камера и надградена Awesome Intelligence вештачка интелигенција за да им дадат самодоверба на корисниците во секојдневната употреба

Почна судењето на деветмината, на чело со ексдиректорот Стоилов, обвинети за примање и давање мито над 50 илјади евра за ИПАРД фондовите

Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд на судењето за митото поврзано со ИПАРД фондовите.

To top