Македонија

Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Собранието одговараше на прашања од пратеничката Арбана Пашоли. „Многу ми е жал што не можете да излезете од оној вакум на етнички предзнак кога говориме за професионалност, кога говориме за системски реформи, кога говориме за сејф сити, па велите само Албанците ги фаќала камерата. Кај ви текнуваат овие работи? Стварно не ми е јасно. Камерата на сејф сити фаќала само Албанци. Јас не знам, тој што ви ги дава идеите, што ги смислува приказните ,значи, стварно, ако го плаќате, престанете да го плаќате, смислете нешто сами, верувајте ми дека ќе бидете поефикасни.“ – рече министерот Тошковски.

Натаму, Тошковски посочи: „Се намалувал процентот на менаџерски кадар во Министерството за внатрешни работи, Албанците ќе останале без менаџерски позиции. Па кој ви ги кажува овие работи? Стварно не ми е јасно. Како ви идат, како ви текнуваат, се будите од сабајле и оп, камерата, само Албанците ги фаќа. Е, како бе така? Значи, ве замолувам, за општото добро на сите, посветете се да си ја заработите платата, за која што сте седнати во таа убава фотелја.“

„И ве замолувам, еднаш станете на оваа говорница и еднаш поставете прашање, еве не мора за Македонците, еве прашајте за Грците. Може за Грците да прашате? Евe за Грците прашајте како се третирани од Министерството за внатрешни работи“, изјави Тошковски

Најнови вести од: Македонија

To top