Спорт

Панчев: Зошто да не ја изненадиме Данска?

Според македонската фудбалска легенда, Македонија има искуство од вакви мечеви и ако слави, полесно ќе ѝ биде со Чешка или Ирска

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев верува дека репрезентативците на Македонија можат да го изненадат фаворитот Данска вечерва од 20:45 часот на распродадениот стадион „Паркен“ во Копенхаген во полуфиналето од баражот за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

„Македонија има фудбалери кои можат да одговорат на предизвикот наречен бараж за СП. Атмосферата нема да им влијае, зошто за Елмас, Димитриевски итн. вообичаено е да играат пред полн стадион. Зошто да не ја изненадиме Данска? Имаме искуство, во последниве години овие фудбалери одиграа многу вакви натпревари, средниот ред и нападот знаеја да изненадат силни противници, па зошто да не биде така и сега? Станува збор за еден меч, кој ќе направи помалку грешки – ќе победи. Ако ја победиме Данска, полесно ќе ни биде со Чешка или со Република Ирска, бидејќи сметам дека Данците, сепак, се поквалитетни од нив. Според тоа, ако слави во Копенхаген, Македонија има реални шанси за пласман на мундијалот“, изјави Панчев за Македонската телевизија (МТВ).

Популарната „Кобра“ беше дел од скопското реми 1:1 токму со Данска во 1994, тогаш актуелен европски шампион, во дебито на „црвено-жолтите“ во едни квалификации, во случајот зџа Европското првенство, кога Македонија водеше упте од 4. минута со голот на Митко Стојковски, а израмни Поулсен три минути пред крајот, откако Панчев беше исклучен во 47. минута.

Најнови вести од: Спорт

Македонските ракометари во група со Шведска, Грција, Луксембург во квалификациите за ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2028 на извлекувањето што вечерва се одржа во Лисабон

Најнови вести

To top