Македонија

Одбележани 34 години Армија и 6 години во НАТО

Двоен јубилеј во македонската армија

Припадниците на Генералштабот, денеска, го одбележаа Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО.

На одбележувањето, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, поранешни началници на Генералштабот, активни и пензионирани генерали, претставници од Министерството за одбрана, како и команданти на првопотчинетите команди и единици на Генералштабот на Армијата.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање пред присутните најнапред изрази благодарност до сите сегашни и поранешни припадници на Генералштабот, највисокото стручно тело во Армијата кое ги носи стратешките одлуки за тоа како ќе изгледа македонската Армија утре, после пет години, после десет години.

Мисајловски додаде дека синергијата која постои помеѓу Министерството за одбрана и Армијата е јасна и видлива и порача: ;”>визија, вклучувајќи го и креирањето на плановите за опремување и модернизација на Армијата ни го покажува правецот кој мораме да го поставиме за да имаме силна Армија, способна да ја исполни својата уставна обврска, а тоа е безбедна и сигурна држава.

Мисајловски додаде дека синергијата која постои помеѓу Министерството за одбрана и Армијата е јасна и видлива и порача:

– Ќе продолжиме на истиот начин. Ќе продолжиме со истата посветеност, со истата љубов кон татковината заеднички и здружено да ја развиваме македонската Армија! – рече Мисајловски.

По повод одбележувањето на шестгодишното членство во НАТО Алијансата министерот Мисајловски изрази почит на визионерите кои ја водеа државата во нејзините почетоци, кои имаа план за тоа каде треба да бидеме, како и на генерации вработени кои ставија свој личен печат во достигнувањето на оваа цел.

– Денеска како земја членка на НАТО заедно со нашите 31. сојузник седиме на масата каде се носат одлуки за безбедноста на Алијансата. Тоа го правиме со најголема одговорност и го даваме максимумот од себе за да придонесеме во заедничката безбедност на секоја педа сојузничка територија – нагласи министерот Мисајловски.

Во рамки на одбележувањето, свое обраќање имаше и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев, кој го истакна значењето на Генералштабот како клучен носител на планирањето, организирањето и командувањето со Армијата.

– Денес заедно го одбележуваме 28 Март, Денот на Генералштабот на Армијата, како и шестгодишнината од нашето полноправно членство во НАТО, наша долгогодишна стратегиска определба. Заедничкото одбележување на овие настани го нагласува суштинското значење на Генералштабот, но и одговорноста што ја имаме во исполнувањето на мисијата на Армијата и обврските во рамки на колективната безбедност – истакна директорот на Генералштабот.

Датумот 28 март има особено значење за Армијата, бидејќи токму на овој ден беше преземен Генералштабот, кој со отпочнување на своите функции одигра клучно значење во формирањето на Армијата, настан кој се случи пред 34 години, ден откако беше преземена контролата над државната територија и заминувањето на последниот војник на ЈНА.

Најнови вести од: Македонија

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот, Светлана Колариќ, во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица.

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

To top