Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Полициски службеници од СВР Скопје привеле две лица пред дискотека на подрачјето на Карпош, откако биле пријавени за нарушување на јавниот ред и мир и напад врз полиција.

„На 28.03.2026 пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(30) од с.Горна Бела Црква, ресенско и Х.Д.Е.(34) од Турција, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир и дека физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.

Во друг случај, 26-годишник пријавил дека бил нападнат со остар предмет по расправија за паркинг.

„На 27.03.2026 во 16:05 часот во СВР Скопје, В.Т.(26) од с.Волково, скопско, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од едно лице кое употребило и остар предмет и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Пријавен е и грабеж на автобуска постојка во Гази Баба.

„На 27.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, А.А.А.(20) од Куманово пријави дека на 26.03.2026 околу 13:40 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од полицијата.

Покрај тоа, полицијата привела и две лица кај кои била пронајдена дрога.

„На 27/28.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Т.(48) и Р.Д.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top