Македонија

На повидок крај на вечниот судир меѓу Кавадарци и Неготино

Ќе запрат ли шегите на Кавадарчани упатени кон Неготинчани

На повидок крај на приказната за вечниот ривалитет меѓу двете општини во Тиквешијата каде Кавадарчани со децении правеа шеги на сметка на Неготино.

Според урбаната легенда во Неготино никогаш немало семафор но вистината е дека имало но тој ретко работел.

Сега таа ситуација се менува.

По повеќе од две децении, Општина Неготино започна со поставување на нови функционални семафори во градот, информира градоначалничката Марија Нацева.

Новите семафори се поставуваат на крстосницата меѓу улиците „Маршал Тито“, „Антигона“ и „Борис Кидрич“.

Со нивното поставување се очекува да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се олесни движењето и за возачите и за пешаците.

Истовремено ќе запрат и шегите од соседно Кавадарци.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top