Македонија

Обвинителството реагира на барањето на родителите – промената на обвинител не го забавува судењето

Јавното обвинителство реагираше остро на барањето на родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ да се врати обвинителката Ивана Алексова Трајчева на предметот против обвинетите полицајци.

Јавното обвинителство реагираше остро на барањето на родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ да се врати обвинителката Ивана Алексова Трајчева на предметот против обвинетите полицајци.

Од Обвинителството категорично уверуваат дека ниту еден започнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување и дека во судницата секогаш ќе има јавен обвинител подготвен да го застапува обвинението.

„По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, веќе ги преземавме сите потребни чекори за да се овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни постапки“, се вели во реакцијата.

Јавното обвинителство потсетува дека евентуалната промена на јавен обвинител во текот на постапката не се одразува врз динамиката и начинот на водење на случајот.

„Промената на обвинител судот ја нотира, а судењето продолжува онаму каде што запрело, односно нема никаква потреба за повторување на постапките“, нагласуваат од Обвинителството.

Од таму апелираат на внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање за предметите поврзани со кочанската трагедија, бидејќи, како што велат, невистините и шпекулациите за наводно одолговлекување на постапките длабоко ги вознемируваат семејствата на жртвите и целокупната јавност.

Јавното обвинителство упати повик и до Здружението на новинари, како и до другите професионални организации, да апелираат за почитување на етичките стандарди при известување и за воздржаност при коментирање на оваа трагедија, за да не се дозволи нова виктимизација на најпогодените.

„Апелираме и до сите останати повикани јавно одговорни чинители да придонесат за ефикасност на постапките, но и за одмереност во јавните настапи и коментари каква што налага сериозноста на последиците и колективната траума предизвикана од пожарот во ‘Пулс’. Како држава, на повредените и на семејствата на жртвите, но и на сите граѓани, им должиме законита и достоинствена судска постапка која ќе ги даде одговорите и очекуваната правда. Јавното обвинителство презема сѐ што е во негова надлежност за тоа да го испорача, без непотребни одолговлекувања и усложнувања“, се заклучува во реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“, се преместува за в недела

Најавеното невреме и лошите временски услови ги принудија организаторите на традиционалниот фестивал на виното „Виноскоп“ да направат итни измени во фестивалската агенда. Денешната дневна програма е целосно откажана, но организаторите ветуваат двојно поголема забава за утре, кога сите содржини ќе се преселат на добро познатата локација во Градскиот парк.

(Фото): Активно се работи на булеварот „Борис Трајковски“, „Момин Поток“ и на мостот на „Љубљанска“

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека конечно после три децении решавањето на булеварот „Борис Трајковски“ стана реалност.

Кој се залага за најмалку 10.000 вработени да останат на улица?!

Наместо да застанат во наша одбрана, се обидуваат да не жртвуваат во нивните дневно-политички математики. За нас ова е големо разочарување – се вели во соопштението на Здружение на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

(Видео): 2600 нови контејнери и 40 камиони за „Комунална хигиена“, најави Ѓорѓиевски

Веќе сме во финална фаза на избор на оператор кој треба да обезбеди 2600 нови контејнери за градот Скопје кои во наредниот период ќе ги покријат потребите кои не беа покриени години наназад, но и ќе го сменат и ликот во централното градско подрачје, каде знаете дека има контејнери на кои не им е местото таму. Скопје е град во кој што живеат над 600.000 жители, а ние имаме и голема бројка на туристи кои доаѓаат.

To top