Македонија

„Летал“ со 178 км/час на патот Штип-Радовиш

Од МВР најавуваат дека контролите со специјалните возила – пресретнувачи ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава

Инцидентот е регистриран вчера во 18:55 часот на експресниот пат Штип–Радовиш, каде што е измерена брзина од 178 километри на час кај патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

На оваа делница максимално дозволената брзина е 110 километри на час, објави Скопје1.мк

Станува збор за возачсо иницијали П.К. (33) од Радовиш, против кого се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидените санкции.

Од МВР најавуваат дека контролите со специјалните возила – пресретнувачи ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите и зголемување на безбедноста во сообраќајотт.

Пречекорувањето на брзината е една од водечките причини за сообраќајни незгоди, кои често завршуваат со тешки последици по животот и здравјето на учесниците.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top