Македонија

Анализа (1): Кој добива а кој губи од глобалниот шок на пазарот на гас

Почетна анализа за тоа што не очекува по шокот

Кратката анализа која говори за глобалниот шок на пазарите на гас по кризата во Ормутскиот теснец покажува кој губи а кој добива на светската енергетска мапа.

Според анализите најмногу во овој голем бизнис губи Катар, добитник е САД а Македонија која е целосно зависна од увоз е во неповолна ситуација од повеќе причини.

Катар се соочува со сериозен удар откако поради Иранските напади на енегергетските постројки му е намален извозниот капацитет за една шестина или околу 17%.

Времето потребно еден од главните светски играчи во бизнисот со гас да се опорави односно да ја поправи инфраструктурата се очекува да трае меѓу 3 и 5 години.

Според сите достапни јавно објавени релеватни анализи од целата ситуација САД излегуваат како најголем добитник.

Експертите посочуваат дека САД не можат веднаш целосно да го заменат Катар поради ограничените капацитети, транспортните предизвици и инфраструктурните тесни грла.

Но сепак на среден рок (1–3 години), се очекува САД да преземат значаен дел од побарувачката на пазарите и да ја пополнат празнината.

Ова ќе се случува во време на повисоки цени и растечка побарувачка од Европа и Азија.

Главни последици од војната во Иран кои ќе ги почувствуваат сите земји кои користат традиционални енергетски извори: раст на цените на течен гас (LNG) и долгорочните негативни логистички промени на пазарот.

Општо очекување за Македонија:

• Земјата увезува околу 300–400 милиони м³ гас годишно, речиси целосно преку Бугарија (транзит), со ограничени алтернативи.

📌 Заклучок: Македонија останува зависна од регионалните рути и ќе ги почувствува глобалните ценовни шокови.

Следната анализа со детали за конкретните последици за Македонија

Најнови вести од: Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

To top