Македонија

Добрососедство не значи толеранција за провокации, за македонскиот идентитет нема да се преговора

Во Европа од 21 век нема место за национализам, а идентитетот не е предмет на преговори

Добрососедските односи не значат толерирање на провокации. Она што се случи во Европскиот парламент не беше семантика – тоа беше политички чин што го негираше нашиот национален и државен идентитет.

 

Ова е пораката која ја упатува македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со однесувањето на Бугарија.

 

,,Да бидам јасен: во Европа од 21 век нема место за национализам, а идентитетот не е предмет на преговори”, порача Муцунски  во обраќање на Форумот во Дубровник, на покана на неговиот  хрватски колега, министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ-Радман.

 

,,Нагласив дека европската интеграција мора да биде предвидлива и достапна. За Западен Балкан, ова значи интензивиран дијалог, соработка и меѓусебна поддршка.

Како соседи, ја делиме одговорноста за мирот и стабилноста – преку иницијативи што промовираат помирување и решавање на отворени прашања”, порача Муцунски.

 

Видео од линкот

 

https://x.com/TimcoMucunski/status/1944056298057724257?t=fWJFxwtngOWSorEtWlZVQg&s=19

 

Во меѓувреме во Македонија граѓани бараат извинување од Бугарија

Адвокатот во барањето за извинување од Бугарија открива два малку познати факти за фашистичките злосторства во Македонија

Партизански внук и Евреин бара извинување од Бугарија и СДСМ за десетици злосторства против човештвото, Евреите и Македонците

 

Најнови вести од: Македонија

ЗНАМ: Не дозволувајте СДСМ да ве вовлече во сценарија против интересот на државата

Мемов постави низа прашања до СДСМ и упати повик до членовите и симпатизерите на партијата да не дозволат да бидат вовлечени во сценарија што водат кон изолација, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат.

Регионален бран на закани за бомби: Македонија дел од хибридна операција на Балканот

Вчерашната евакуација на еден од најпосетуваните трговски центри во Скопје се вклопува во поширока регионална шема на закани за бомби, која според безбедносните експерти укажува на координирана стратегија за создавање несигурност и страв кај граѓаните.

To top