Свет

Трамп: „Ќе ја завршиме работата во Иран, и тоа многу брзо“ (ВИДЕО)

Ќе ги удриме многу силно во следните две до три недели. Ќе ги вратиме во каменото доба, каде што им е местото“, се закани американскиот претседател во телевизиско обраќање до нацијата

Во телевизиско обраќање од Белата куќа до американската јавност американскиот претседател порача дека очекува војната против Иран да трае уште две до три недели, но смета дека е близу до крај.

Тој ги пофали успесите на американската операција „Епски бес“ и го повтори она што го кажа повеќе пати неодамна – војната нема да трае долго.

„Ќе ја завршиме работата и ќе ја завршиме многу брзо“, рече тој.

„Ќе ги удриме многу силно во следните две до три недели. Ќе ги вратиме во каменото доба, каде што им е местото“, рече Трамп во телевизиско обраќање до нацијата.

Трамп изјави дека остварувањето на „примарните стратешки цели“ на Вашингтон во војната со Иран се приближуваат кон крај.

„Со задоволство можам да кажам дека тие примарни стратешки цели се приближуваат кон завршување“, рече Трамп.

Трамп рече дека промената на режимот во Иран не била цел на неговата администрација, но речедека тоа се случило затоа што сите ирански лидери се „мртви“.

Во говорот на Трамп не беа споменати двата главни потенцијални начини за завршување на војната: преговори или испраќање копнени трупи.

Претходно тој постојано повторуваше дека неговиот тим е во разговори со ирански претставници, а сега рече дека „новиот претседател на режимот“ на Иран побарал прекин на огнот.

Трамп додаде дека се надева дека ќе постигне договор со иранскиот режим, но исто така издаде и предупредување.

„Ако нема договор, ќе ги удриме сите нивни електрани многу силно“, рече тој.

Заклучи дека Соединетите Држави имаат целосна предност во преговорите: „Ние ги имаме сите карти, а тие немаат ниту една“.

Претседателот рече дека Иран не се откажал од својата нуклеарна програма и брзо развива ракети со поголем дострел.

Според него, Техеран е „на самиот праг“ на развој на нуклеарно оружје.

„Уште од самиот почеток на кампањата во 2015 година, реков дека никогаш нема да дозволам Иран да се здобие со нуклеарно оружје.

Овој режим скандира „смрт за Америка, смрт за Израел“, рече тој.

Трамп го заврши своето обраќање за помалку од 20 минути.

Во обраќањето, Трамп го наведе времетраењето на неколку големи војни во кои учествувале САД по хронолошки редослед.

„Учеството на Америка во Првата светска војна траеше една година, седум месеци и пет дена. Втората светска војна траеше три години, осум месеци и 25 дена. Корејската војна траеше три години, еден месец и два дена.

Виетнамската војна траеше 19 години, пет месеци и 29 дена. Ирак траеше осум години, осум месеци и 28 дена. Ние сме во оваа воена операција 32 дена“, рече тој.

„Кога сето ова ќе заврши, Соединетите Американски Држави ќе бидат побезбедни, посилни, попросперитетни и поголеми од кога било“, рече Трамп.

„Нека Бог ги благослови мажите и жените од нашите вооружени сили и Соединетите Американски Држави“, рече тој на крајот.

 

 

 

 

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top