Македонија

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Димитријевиќ посочи дека кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик.

  • „Денеска поднесуваме нова кривична пријава, против Трајко Славески, гувернер на Народната банка, за основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека гувернерот Трајко Славески, со несовесно постапување, предизвикал штета врз Буџетот и правниот поредок”, рече Димитријевиќ.

Како што појасни Димитријевиќ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

  • „Прво, пробиен е законскиот рок за предлог на вицегувернери, со што е директно загрозено легалното функционирање на Народната банка. Второ, постојат сериозни индиции дека по истекот на мандатите, на лицата им се исплаќале плати за функции кои веќе не смееле да ги вршат. Трето, овие лица продолжиле да носат одлуки во Советот на Народната банка и по истекот на роковите, што ги прави тие одлуки правно спорни и ништовни”, рече Димитријевиќ.

На прес-конференцијата, Димитријевиќ порача обвинителството да постапи, да ги испита сите наводи и да покрене постапка.

  • „Бараме Обвинителството да постапи, да ги испита сите наводи, да обезбеди докази и да покрене постапка. Ајде да видиме дали обвинителството ќе постапува по закон или по налог на Мицкоски? СДСМ нема да молчи. Ова е само почеток. Нема да не запре никој. Борбата продолжува. И сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат, ако не денес, тогаш кога правосудството ќе биде слободно”, рече Димитријевиќ.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top