Македонија

Зошто депониите се палат често во градовите, а сторителите тешко се наоѓаат?!

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

Обезбедувањето на депониите е во надлежност на општините кои треба да соработуваат со институциите за да се одржат. Сето ќе трае до изградбата на регионалните депонии, за југозападниот дел во Новаци, за источниот во Русино, вели министерот за животна средина Хоџа. Депониите сè почесто се палат и тешко се контролираат. Така беше неодамна со прилепската, а и со депонијата во Долнени.

Оваа е клучна година за изградбата на регионалните центри за депонирање на отпадот. Прикрај е документацијата, ќе се објави јавниот повик за избор на економски оператор кој ќе гради регионален центар.

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

  • Работиме на подготовка на документација, која очекуваме многу бргу да биде готова и да биде објавен повикот за да се избере економски оператор, кој ќе ја почне изградбата на регионалните депонии во Новаци и во Русино – изјави министерот Хоџа. Тој заедно со заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи-Шаќири, денеска беше на увид на изведбата на проектите во општината, кои се изведуваат со поддршка на двете ресорни министерства.

Оваа е клучна година за изградбата на регионалните депонии, кои ќе го решат прашањето со дивите депонии и со селекцијата на отпадот.

  • Очекуваме 2026 година да биде клучна година кога зборуваме за регионалните депонии. Првата фаза, распределба на опрема за комуналните претпријатија, е во тек, се подготвува документацијата и многу бргу треба да биде објавен јавниот повик за економски оператор, што ќе значи почеток на изградбата на регионалните центри, за југозападниот дел во Новаци, за источниот во Русино – рече Хоџа.

На прашањето што со палењето на депониите, министерот Хоџа рече дека сега тие се грижа на општините, кои треба да соработуваат со институциите.

  • Тука сме во тесна соработка со сите институции, вклучувајќи ги и нашето Министерство и општините. Дивите депонии се под ингеренции на општинските власти. Но ние паралелно работиме за подготовка на документацијата, објава на јавниот повик и изградба на регионалните центри за собирање на отпадот, бидејќи со изградбата на регионалните центри за отпад, ќе ставиме крај на дивите депони. Со проектот ќе се знае собирањето и префрлањето на отпадот во еден регионален центар – рече министерот Хоџа.

Инаку, општина Долнени доби средства од унгарскиот кредит за водоснабдителна и комунална инфраструктура, а преку Министерството за транспорт и врски за патна инфраструктура.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Потребна е искрена и остварлива европска понуда за проширувањето

Во Скопје се одржа панел-дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“, организирана од Вилфред Мартенс центарот и Фондацијата Конрад Аденауер, по повод Денот на Европа 2026 година. На конференцијата со наслов „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“ поздравно обраќање имаше политичкиот врв.

Гаши: Во трка сме со времето во однос на членството со Европската унија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на трибина организирана од Европското движење, порача дека сме во трка со времето околу членството во ЕУ и се плаши – дека ќе го изгубиме. Според Гаши, нема никаква корист од изнаоѓање виновници околу блокадата на евроинтеграцијата и тој преферира да најдеме пат, т.е. решение и да стигнеме до целта.

Муцунски: Европските пари и се и повеќе од потрребни на Македонија

Планот предвидува интеграција на партнерите во Единствениот европски пазар, унапредување на регионалната економска соработка, забрзување на реформите поврзани со европските стандарди и зголемување на претпристапната финансиска поддршка. Според Европската Унија, ова треба да придонесе за побрз процес на проширување и економски раст во регионот.

To top