Македонија

Наше дете на пат да биде власт во метрополата која има БДП колку две Македонии

Тој е на независната листа на кандидатот за градоначалник, Симоне Вентурини, познат адвокат, поддржан од италијанската десница

Дваесет и осум годишниот Тарик Семси, по потекло од Македонија, од турската етничка припадност, а живее во Италија, е кандидат за советник во општискиот совет на Венеција.

Тарик води потекло од селото Коџаџик – Центар Жупа во близина на Дебар. Тој е прв Македонец и воопшто странец кој се нашол на кандидатска листа за советници во овој познат италијански град.

Дипломирал архитектура на престижниот универзитет во Венеција, оженет е и е татко на едно дете.

Во трката на локалните избори, што ќе се одржат на 24 и 25 мај, тој е на независната листа на кандидатот за градоначалник, Симоне Вентурини, познат адвокат, поддржан од италијанската десница.

,,Тарик е прекрасно и вредно момче. Со неговата подготвеност верувам дека ќе придонесе многу за градот Венеција и секако за многубројната македонска заедница, за нашите драги пријатели и сограѓани по потекло од Македонија. Искрено веќе го гледам како советник во 36-члениот совет”, рече кусо за МИА, Вентурини.

Инаку, Тарик е син на бизнисменот во Италија, Мунир Шемси, познат филантроп, кој со донации помага како во Италија, уште повеќе во матичната земја Македонија.

,,Горд сум на мојот син и верувам во успех на изборите, со поддршка и на сите Македонци кои живеат во оваа општина. Убеден см дека ќе испишеме историја, бидејќи ова е првпат во историјата да влезе странец во Советот на градот Венеција”, вели за МИА, неговиот татко Мунир.

Нашинците кои живеат во Венеција едвај чекаат да дојде денот на гласањето затоа што сметаат дека Tарик заслужува да влезе во Советот и ќе биде одличен пример за идните генерации.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top