Македонија

Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово, митовите за ,,Баби” се уриваат како кула од карти, велат од Вреди

Дали новиот имот на ДУИ на атрактивна локација во центарот на Тетово бил во сопственост на Телеком?

Коалицијата ВРЕДИ реагира на информација која дојде преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022 година.

,,Али Ахмети преку медиумите си пишува писма сам на себе за албанскиот јазик, но молчи за фактот дека купил зграда од пет ката во центарот на Тетово со површина од 1200 квадратни метри”, се вели во соопштенито на „Вреди“ околу најавата за протест за полагање испити во правосудството на албански јазик.

„ВЛЕН одамна предупредува дека зад лажната грижа на ДУИ за правата на Албанците всушност се кријат тесно партиски интереси за богатење на партискиот врв. Бидејќи Али Ахмети се занимавал со “купи-продај” немал време системски и трајно да ги решава прашањата од суштинска важност за Албанците. Затоа, во наследство ни остави половични и недоречени акти кои сега сака да ги подметне како кукавички јајца.

Но, доаѓа времето за одговорност. Јавноста очекува одговори на следните прашања: Дали новиот имот на ДУИ на атрактивна локација во центарот на Тетово бил во сопственост на Телеком?

Дали е точно дека овој имот прво е префрлен на подобно физичко лице со кое ДУИ после склучува договор за купопродажба? Каква врска има овој имот со аферата “Маѓар Телеком”?

Поранешните директори на Телеком во 2017 пред Окружниот суд во Њујорк признаа вина дека платиле мито од пет милиони евра на политичари од владината коалиција на СДСМ и ДУИ во 2007 за да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот сектор.

Во оваа постапка пред Окружниот Суд во Њујорк беа споменати имињата на Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулахим Касами. Нема повеќе простор Али Ахмети да глуми жртва. Митовите за него се рушат како кула од карти, порачаа од Вреди.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top