Македонија

Сакаат да полагат правосуден испит на албански јазик

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека овој протест е поддржан од партија која, според него, не го решила овој проблем повеќе од две децении

Денеска, со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит.

Протестот „ќче се движи“ на реалација од пред плоштад „Карпошово востание“ ул.„11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по ул.„Никола Вапцаров“ и завршува на ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Во пресрет на денешниот протест, градоначалникот на Чаир Изет Меџити повика на поголема свесност кај политичките и општествените актери, оценувајќи дека станува збор за прашање кое бара системски пристап.

Според него, во мултиетнички држави како Македонија, политичките елити имаат обврска континуирано да градат правни и институционални политики кои го одразуваат мултиетничкиот карактер и различноста на општеството.

„Јазичната политика во Македонија, за жал, е уредена со половичен закон. Половични закони даваат половични решенија“, посочува Меџити.

Тој нагласува дека протестот не треба да се гледа како политизација, туку како повик за подобри законски решенија и долгорочни институционални политики.

„Протестот е повик за освестување за сите политички и општествени актери кои треба да придонесат за подобри решенија. Студентските протести секогаш се аларм за појави во општеството кои политичките структури имаат обврска да ги третираат целосно“, наведува Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека овој протест е поддржан од партија која, според него, не го решила овој проблем повеќе од две децении.

Тој рече дека е важно да се каже дека студентите го формирале своето образование на својот мајчин јазик, во овој случај на албански јазик.

„Трето, претходната влада донесе закон, а тоа е законот за јазици, за кој знаете дека е спротивставен во Уставниот суд, токму во делот што се однесува на судството. Четврто, знаете дека имаме негативно мислење за тој закон од Венецијанската комисија, во кое се вели дека двојазичноста во судството треба да се напушти, бидејќи има предизвици и овие предизвици често се поврзани со владеењето на правдата“, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека тие, како Влада, земајќи го сето ова предвид, формирале група уставни експерти кои работат на решение кое ќе биде и уставно и во согласност со меѓународните стандарди.

„Затоа ги уверувам студентите дека како што се пронајдени решенија за многу предизвици и многу пропусти од минатото, така ќе се најде соодветно решение и за овој. Мислам дека го знаат ова и мојот апел е да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија која сè уште живее во сеќавањата на минатиот век“, изјави, меѓу другото, Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

To top