Свет

Украинка (27) во Атина паднала од 4 кат на балконот од 3 кат, се вратила дома и паднала од друга тераса овојпат на паркинг!

Грчката полиција истражува необичен случај кога жена два пати падна од балкон на зграда во Маруси, предградие на Атина. Дваесет и седумгодишната жена од Украина е пренесена во болница со сериозни повреди и е во критична состојба по операцијата. Нејзиниот 29-годишен сопруг, по потекло од Русија, веднаш е уапсен, поради сомнеж за семејно насилство. Настанот се случи во неделата вечерта.

Според полицијата во Грција, Украинката прво паднала на балконот на 3. кат, а според некои извештаи, нејзиниот пад го ублажила тенда. После тоа, и покрај шокот, жената се вратила во станот, а нејзиниот сопруг повикал приватна брза помош. Меѓутоа, набргу потоа, жената повторно од друг балкон паднала на бетонската подлога на паркингот пред зградата.

Покрај нејзиниот сопруг, во полициската станица во Маруси била испрашана и 65-годишната жена, која живее во станот, на чиј балкон прво паднала Украинката. Истражителите разгледуваат повеќе можни сценарија, вклучувајќи обид за самоубиство, несреќен случај, или можно кривично дело. Случајот во грчките медиуми е оценет како еден од најневообичаените во последниот период.

Најнови вести од: Свет

Дмитриев: „Варвари пред портите пред 410 години и денес“ (ВИДЕО)

Помеѓу 2.000 и 3.000 млади мигранти ја преминале границата, а шпанската државна новинска агенција EFE објави дека стотици млади луѓе можеле да се видат како се искачуваат преку безбедносната ограда, која во тоа време не била под полициски надзор, и влегуваат во Сеута

To top