Македонија

Снимен како подметнува оган и – бега

Настанот се случил доцна на 9 јули, а видеото од надзорната камера, поставена во близина, било предадено на надлежните служби.

Лице кое подметнува пожар, а потоа брзо го напушта местото откриле на видео снимка жителите на делчевската населба Први Реон

Настанот се случил доцна на 9 јули, а видеото од надзорната камера, поставена во близина, било предадено на надлежните служби.

Инцидентот првично бил пријавен од страна на загрижен граѓанин кој забележал сомнителен чад, а потоа со преглед на снимките се потврдило дека станува збор за намерно подметнување оган.

Локалните власти информираа дека истрагата е во тек и се работи на идентификација на сторителот.

Од општината Делчево ги повикуваат граѓаните на зголемена будност и итно пријавување на секое сомнително движење или обид за подметнување пожар.

„Апелираме до сите да не остануваат рамнодушни. Доволна е една искра за да изгори целиот регион. Заедно можеме да ги спречиме катастрофите“, велат од службата за противпожарна заштита во Делчево.

Најнови вести од: Македонија

Формиран кризен штаб во МНР: Подготвителни активности за евакуација

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) вчера формира кризен штаб кој работи 24 часа на располагање, поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток по заедничките американско-израелски напади врз Иран.

To top