Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои  информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата.

– Целосната дигитализација на работењето на Собранието, присутните го поздравија, имајќи го предвид неговото значење во градењето на државата, особено за седниците на Собранието за периодот од 1991 година до 2002 година, со оглед на тоа што за овој период видео записите ги има само МРТ. Господинот Петковски го поздрави ваквиот однос и предложи во процесот да биде вклучен и Државниот архив, како институција основана за таа намена, а господинот Вељаноски напомена дека Собранието мора да има одговорен однос кон зачувувањето на целокупниот материјал од седниците за неговото работење. Во прилог на ова претседателот Гаши и г. Митрески напоменаа дека Советот на Собранискиот канал, исто така во рамките на своите надлежности може даде свој придонес во овој процес, соопшти собраниската прес-служба.

Во однос на колективните договори на државните универзитети и на високото образование во целина,  присутните, како што стои во соопштението, напоменале дека Собранието мора да овозможи високо образовани што ќе продуцира квалитетен кадар потребен на државата во разни области: здравство, образование, стопанство, општествен дејности и слично.

– Целосните реформи во високото образование се предизвик на Собранието, за донесување квалитетен закон за високо образование, кој ќе биде во интерес и на професорите и на државата и ќе нуди одржливи решенија што нема да се менуваат зависно од промената на власта. Беше посочено дека треба многу да се внимава при колективното договарање за да се избегнат можностите од погрешно толкување и Собранието да биде вклучено во колективно договарање за институции за коишто не се однесува Законот за работните односи. Беше посочено дека постојниот Етички кодекс скоро и да не се примени во пракса, па затоа донесување на нов етички кодекс се оцени како можност за зголемување на интегритетот на пратениците и на Собранието и за зајакнување на довербата на јавноста во функцијата пратеник, информира собраниската прес-служба.

Гаши ја искажал и идејата преку формирање на советодавно и консултативно тело да се обезбеди континуитет на институционалната меморија на Собранието, во функција на унапредувањето на парламентарната практика и демократијата. Ги замолил присутните да дадат свои видувања и напомена дека оваа идеја ќе ја сподели и со претседателите на Собранието што не се присутни на оваа средба, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Таравари го штитат Лимани, кој не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на илјади граѓани

„Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

„Плус инфо“: Бура во чаша вода по изјавата на Муцунски за протоколите со Бугарија

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека протоколите не се правен дел од Преговарачката рамка предизвика бурни реакции во повеќе македонски и бугарски медиуми. Шефот на македонската дипломатија за Плусинфо потврди дека нема промени во македонската принципиелна позиција во однос на пристапниот процес кон ЕУ. Ова го објави „Плус инфо“.

Невена Николова Георгиева-Дуња, на 16 години организатор на отпорот против бугарскиот фашистички окупатор – 101 година од раѓањето

На денешен ден, на 25 јули 1925 година во Скопје е родена Невена Георгиева – Дуња, македонска комунистка, припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни, учесник во НОВ од 1941 година. Со своите 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена-партизан во партизанските одреди на Македонија. Дуња не е само член на СКОЈ и партизан:  истовремено била и организатор на отпорот во Скопје, во Велес, во Штип и во Струмица, каде што дејствува под прекарот Мирка. Врши разузнавачки активности за отпорот и е истовремено организатор и прави регрутација. Во тој период Дуња има само 16 години. Во 1942-ра на 17 години станува дел од третата чета на партизанскиот одред „Димитар Влахов“ во Велес и околината. Својата младост херојски ја положува во темелите на македонската држава, загинувајќи на таа возраст. Но не била прогласена како народен херој. Со тоа ѝ била нанесена несфатлива историска неправда.

Комисијата за заразни болести предупредува: По загадената вода во Гостивар можно е да се појават случаи на жолтица

Комисијата за заразни болести предупреди дека во наредниот период во Гостивар постои можност да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата. Засега нема потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен надзор поради периодот на инкубација на вирусите.

Народниот херој Иљо Антески – Смок, револуционерна борба и саможртва, вградени во темелите на македонската држава – 107 години од раѓањето

На денешен ден, на 25 јули 1919 година во Тетово е роден Илија – Иљо Антески – Смок, народен херој на македонскиот народ, комунист и првоборец. Неговата револуционерна борба и саможртва го впишуваат во најсветлите страници на македонската национална историја и на колективното паметење на македонскиот народ.

Најнови вести

To top