Македонија

Како земја кандидат за ЕУ крие македонски политичар од Црната листа на САД

Зошто албанските власти го кријат Груби и со тоа ризикуваат реакции од Брисел и Вашингтон

 

На екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини не му е јасно како е можно Албанија како земја кандидат за ЕУ да крие политичар од Црната листа на САД.

Хајредини зборува за екс вицепремиерот Артан Груби кој избега од Македонија за да не одговара за криминал и подолго време се крие во Албанија.

,,Не може некого што државата со меѓународна потерница го бара, зашто е осомничен за кривично дело корупција и се наоѓа на црната листа на САД, да се крие во соседна земја кандидат за членство во ЕУ”, пишува Хајредини кој зборува за тема која се почесто се слуша во европските кругови каде никому не му е јасно зошто Албанија крие човек осомничен за криминал.

 

Во овој контекст е и изјавата на Хајредини за средбата на албанскиот претседател Бајрам Бегај со лидерот на ДУИ. Бегај во Македонија дошол на покана на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со која имаше работа посета и беше гостин на отворање на Охридско лето но остварил средба и со лидерот на ДУИ.

 

,,Од тоа како некои медиуми во земјата иформираат, изгледа дека Претседателот на Р. Албанија, Бајрам Бегај, во официјална посета на Р.С. Македонија, престојувал повеќе за да го поддржи Али Амети и неговата партија на претстојните локални избори.

 

Зошто албанските власти го кријат Груби и со тоа ризикуваат реакции од Брисел и Вашингтон засега нема коментар од официјална Тирана која засега одбива да  зборува на темата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top