Македонија

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

Концесионерот на македонските аеродорми, ТАВ Македонија, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), втора година по ред. Од ТАВ Македонија денеска соопштија дека престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во компанијата. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките на компанијата и практиките на работното место, преку анкета на вработените.

  • Добивањето на овој сертификат по втор пат е особено значајно. Тоа не само што одразува кои сме, туку и како продолжуваме да растеме. Покажува дека нашата посветеност на слушање, подобрување и поддршка едни на други не е еднократно вложување, туку постојан приоритет. Ова признание им припаѓа на сите вработени. Тоа е изградено врз секојдневна посветеност, тимска работа, професионализам и почитта што ја покажуваме едни кон други. Тоа се одразува во начинот на кој ги управуваме нашите аеродроми, Меѓународниот Aеродром Скопje и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост, одговорност и грижа, вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сара Луис-Кулин, потпретседател за глобалното признание во Great Place To Work®, вели дека сертификацијата Great Place To Work® е многу посакувано достигнување кое бара постојана посветеност на целокупното искуство на вработените. – Сертификацијата е единственото официјално признание што се добива врз основа на повратни информации од вработените во реално време за културата на нивната компанија, вели Луис-Кулин.

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

Најнови вести од: Македонија

Новопоставено и веќе искршено: вандали го демолираа Градскиот парк во Виница

Градоначалникот на Општина Виница Митко Костадиновски информира дека општинските служби констатирале вандалски чин врз новопоставената градска опрема во Градскиот парк. Тој остро го осуди уништувањето на јавниот имот, нагласувајќи дека градската опрема во паркот е наменета за користење од страна на граѓаните и е купена со нивни пари.

Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт.“ – истакнува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Костадиновски: Нема „левица“ да ми ја креира криерата

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Дарко Костадиновски, реагираше на соопштението на политичката партија Левица, истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него.

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција

Овие настани претставуваат дел од пошироките напори за промоција на економските потенцијали на земјата и привлекување нови странски инвестиции преку директна комуникација со меѓународната бизнис-заедница.

To top