Македонија

Со закана со нож ограбиле малолетници

Сторителите се приведени во ПС Центар, а по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Синоќа околу 21 часот полицијата уапсила четири лица, од кои двајцата се на возраст од 20 и од 40 години, а двајца се малолетници. Сите се од Скопје.

Тие се сомничат за извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се приведени во ПС Центар, а по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Најнови вести од: Македонија

ГГ Стефан: Светлината на воскреснатиот нека нè просвети

„Христос воскресна! – Навистина воскресна!, наведува г.г. Стефан, е поздрав на животот што Бог ни го подари не само преку тајната на Неговото воскресение и преку победата над гревот и смртта, туку и преку радоста на овој настан што ни ја дарува со неизмерливото смирение, со примерот на своето снисходење, простување и пожртвуваност за секој човек и за секое создание

To top