Свет

Трамп повторно и се заканува на Кина со огромни царини

CNN објави дека американските разузнавачки служби укажуваат оти Кина се подготвува да испорача нови системи за противвоздушна одбрана на Иран во наредните недели

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 50 проценти на стоката, доколку Пекинг воено му помогне на Иран во конфликтот на Блискиот Исток.

„Ако бидат фатени во тоа, ќе се соочат со царини до 50 проценти, што е огромно“, изјави Трамп за Fox News.

Тој најави и посета на Пекинг на 14 и 15 мај, каде што треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, откако самитот претходно беше одложен поради војната во Блискиот Исток.

Во меѓувреме, CNN објави дека американските разузнавачки служби укажуваат оти Кина се подготвува да испорача нови системи за противвоздушна одбрана на Иран во наредните недели, со можност испораките да се одвиваат преку трети земји за да се сокрие нивното потекло.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

Скапата нафта ќе ги приземји авионите!?

Европската аеродромска индустрија предупреди дека недостигот на гориво за авиони би можел да ја погоди европската економија во рок од три недели, нарушувајќи ги летните патувања и „значително“ предузвикувајќи штети на економијата

To top