Македонија

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

Пиштолот и останати предмети биле пронајдени и одземени, а за настанот бил известен јавен обвинител.

Како што додаваат од МВР, двете лица, Б.М. и Ќ.С, се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Непозната материја се излева во Вардар, инспекциите се на терен

Град Скопје соопшти дека денеска попладнето добил пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби. За ова алармираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку својот официјален фејсбук-профил.

To top