Македонија

Директорот на МРТВ Цветкоски бара смена на Гаши, главната уредничка на МРТВ2, поради емитувањето на скандалозниот прилог за „Голема Албанија“’ во програма

Директорот на Македонска радиотелевизија Марјан Цветковски бара разрешување на главната уредничка на МРТВ 2 Мерита Гаши, откако во програмата беше емитуван детски фестивал со симболи на „Голема Албанија“.

Цветковски нагласува дека ќе биде испратено барање до уредништвото и до Програмскиот совет за утврдување одговорност, со предлог за разрешување и прераспределување на пониско работно место. Постапката е покрената по задолжение од Програмскиот совет да се утврди одговорност за емитувањето на содржината на национална фреквенција. Дополнително, прекршувања констатираше и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според извештајот на АВМУ, со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнува етничка нетрпеливост преку иредентистички симболи и политички пораки. Изведувачката носела маица со карта на . „Голема Албанија“, а на неа бил испишан слоганот „Еден јазик, еден народ, една крв“. Во текот на настапот биле користени и гестови со симболот на двоглавиот орел, додека текстот на песната содржел пораки за територијално обединување на делови од повеќе држави во регионот.

Случајот беше отворен со откривањето на скандалозното емитување на спорната содржина.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

To top