Свет

ЕУ да си закаже состанок за да го ревидира својот процес на одлучување, вели Прево

Еден од главните услови за успех на процесот на проширување

Еден од главните услови за успех на процесот на пристапување и проширување е самата Европска Унија да си закаже состанок за да го ревидира својот процес на одлучување, изјави белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Тимчо Муцунски.

Прашан дали Белгија би се откажала од своето право на вето и би го прифатила принципот на квалификувано мнозинство, Прево рече дека „сега постојаното прашање за едногласност повразано со прашањата за надворешни работи и безбедност болно го доживеавме последните години и тие често ја доведоа ЕУ до состојба на тишина и молк и на неможност да искаже глас, како што треба да даде како геополитичка сила“.

-Видовме што се случи со палестинското прашање. Можеме да бидеме задоволни од поддршката што ја пруживме на Украина, но не сме среќни што ние не сме на масата, иако ние ја плаќаме сметката за тој ручек. Мислам дека функционирањето на овие 27 земји, а и утре, доколку сме повеќе, треба да се повикаме на квалификуваното мнозинство, кое што, ќе одземе еден дел од правото за едногласност за одредени многу конкретни прашања – рече Прево.

Според Прево, судбината на Европа, којашто се преобразува да биде не само еден голем пазар од милиони корисници, туку да стане една вистинска супранационална геополитичка сила во еден свет којшто станува се повеќе и повеќе мултилатерален.

-Во спротивно ќе се соочуваме со разни механизми на блокирање и блокади. Погледнето го само механизмот на вето во применувањето на безбедносните политики во Обединетите нации, којшто, многу често ги доведоа ОН во една полифонија при нивното искажување на позиција во однос на меѓународните конфликти, така што, мислам дека ова треба да се избегне – изјави Прево.

Одговарајќи на новинарски прашања, како Белгија може да помогне и спречи идно бугарско вето, Прево рече дека Македонија последниве децении остварила неколку разни трансформации и преобразби, коишто и симболично и политички беа силни и дека мисли, оти таа гаранција може да биде дадена во смисла „дека нема да има нови барања после шест месеци“ и дека „нема да има повторно застој и блокирање во процесот на пристапување“.

– Јас се разбира можам да говорам во име на Белгија, не во име на сите 27 земји членки. За нас, постои јасна волја дека овие уверувања треба да бидат дадени на Македонија откако таа ќе ја направи таа ревизија и дека патот ќе биде деблокиран и отворен, се разбира во оние класичните етапи на исполнување на различните поглавја коишто ќе треба да бидат усвоени, но дека нема да се јави повторна пречка или блокада во патот. Мислам дека сите земји членки заедно може да дадат адекватен одговор и во кулисите на ЕУ да се искаже волјата дека овие уверувања ќе и бидат понудени на Македонија – изјави Прево.

Европската Унија како глобална институција, Прево нагласи дека, тешко може да даде гаранции во име на секоја од своите земји членки посебно.

– Она што може да го поттикнува Европската Унија преку дијалогот, посредувањето и медијацијата, е да учествува во осигурувањето дека Македонија ќе може да ги примени договорените измени во Уставот и дека нема други земји-членки по шест месеци, една година, 18 месеци да доаѓаат со повторни билатерални прашања за да го спречат, запрат и блокираат тој пат, изјави Прево.

Најнови вести од: Свет

Четворица убил и 20 повредил ученик во средно училиште во Турција, во втор напад од ваков вид за два дена!

Четири лица се убиени, а околу 20 се повредени во пукање кое денес се случило во средно училиште во централна Турција. Според изјава на локалниот гувернер, огнот го отворил ученик. Властите наведуваат дека се очекуваат дополнителни информации за мотивите и околностите на нападот.

Пртседателот на Унгарија да си поднесе оставка, бара Петер Маѓар

Премиерот вели дека Суљок „не е способен да го отелотвори единството на унгарската нација, не е достоен да биде чувар на владеењето на правото во Унгарија и не е способен да служи како морален компас или модел за унгарскиот народ“.

Петер Маѓар најави дека ќе ги „згасне“ вестите на државните медиуми

Секој Унгарец заслужува јавен медиумски сервис кој ја емитува вистината“, рече Маѓар на државното радио Кошут, каде што Орбан беше гостин секоја недела, додека опозициските политичари ретко беа поканети

САД не ѝ даваат иранска нафта на Кина, протеран кинески танкер

Потегот на Трамп сигнализира дека тој зазема бескомпромисен став во врска со блокадата и дека е подготвен да му се спротивстави на кинескиот лидер Си Џинпинг пред планираната посета на Пекинг за еден месец.

To top