Македонија

ИНА: По пронајдена марихуана и кокаин, подготвени за продажба, лишен од слобода синот (16) на ексградоначалничката на Тетово Теута Арифи и на судија на Врховен суд! (ВИДЕО)

„Вчеравечер е изведена изненадувачка полициска акција во куќата на поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи. Во доцните вечерни часови полициските сили отидоа во куќата на Арифи по низа сомневања поврзани со нејзиниот малолетен, 16-годишен син, осомничен за продажба на наркотични средства, дрога. Според информациите, синот на Теута Арифи бил придружуван во полиција, исто така од еден од неговите родители, актуелен судија во Врховниот суд.“ ова го објави „Алмакос“, пренесувајќи ја веста на информативната агенција Илирија-ИНА.

Натаму, во веста се наведува: „Според полициски извори, било пронајдено значително количество наркотици. Според наодите, дрогата била подготвена и била спакувана за продавање. Полицијата пронашла во куќата на малолетникот готови кеси, 120 грама марихуана, подготвени запродажба и како и 1,5 грам чист кокаин.“

„Во полициската верзија се нагласува дека на 16.4.2026 година во 22:05 часот, полициски службеници од Секретаријатот за внатрешни работи од Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело според член 215 од Кривичниот законик. При претрес на објект во Тетово, извршен со согласност на сопственикот, кој малолетникот го изнајмил и го користел под кирија, пронајдени се и запленети се 34 пакувања марихуана, кутија и кеса марихуана, како и едно пакување бел прашок.“

„Малолетникот е приведен во полициската станица и во присуство на родителот ќе се изврши службен разговор со него. По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – објави „Алмакос“, пренесувајќи ја веста на ИНА.



(ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање,

To top