Македонија

Адвокатот на „Ѓаволот“ ќе одлежи 15 месеци затвор

Фехми Стафа признал дека од сестрата на Ѓаволот барал 100.000 евра, а добил вкупно 50.000 евра. На 6 декември минатата година прво зел 30.000 евра, а во декември зел 20 илјади евра.

Судот ја објави спогодбата од којашто може да се заклучи дека Стафа признал дека од сестрата на Ѓаволот барал 100.000 евра, а добил вкупно 50.000 евра. На 6 декември минатата година прво зел 30.000 евра, а во декември зел 20 илјади евра.

„ На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, кој по насоки на лицето Љ. П., кој не бил во нашата држава му ги предала на обвинетиот неговата сестра, сведокот А. М., а остатокот од парите било договорено да се предаде потоа и на 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот кој го барал за да му го даде на судијата, како половина од вкупниот износ, па според ветеното по завршување на таквата интервенција да се предадат и останатите 50.000 евра до постигнување на вкупно побараниот износ од 100.000 евра, кога неспорно по примањето на паричните средства е затекнат од полициски службеници со истите – пишува во спогодбата.

Стафа е осуден на затворска казна за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Поранешниот правобранител призна вина уште во април кога се оценуваше обвинителниот акт, а по обвинението за него, Ѓаволот кој е осомничен за даночно затајување, се врати во Македонија и се предаде, но заврши во куќен притвор.

Неколку недели по апсењето на Стафа, истражителите во домот на родителите на судијата Ристов во Неготино пронајдоа 350.000 евра скриени зад плочка во ѕид во кујната и беше обвинет за друго кривично дело поврзано со овој случај. Парите кои му биле давани на Стафа не стигнаа до Ристов, а со првата одлука на Апелација на Ѓаволот не му бил укинат притворот. Ристов беше разрешен и заврши во домашен притвор.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top