Македонија

Пијаниот полицаец Д.М. возел двојно побрзо од ограничувањето, а имал забрана за возење! – Упатен на задолжителен психијатриски преглед!

Полицаец што на граничниот премин „Меџитлија“, бил фатен на почетоков на месецов во Битола, како, иако имал забрана за возење, бил фатен зад волан во Битола. Бил сопрен оти возел двапати побргу од ограничувањето – а притоа бил пијан! Внатрешна контрола поднела предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрекла задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднел кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во ПС за ГП и ГН Меџитлија, товарејќи го за „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297-а став 2 од Кривичниот законик. Пријавениот, надвор од работното време, на 1 април на ул. „8 Септември“ во Битола управувал негов автомобил „бмв“ во време кога имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија. Покрај тоа, возилото го управувал со брзина од 98 км на час во населено место каде дозволената брзина била 50 км.

Згора на сѐ, бил под присуство на 0,73 промили алкохол. По насоки дадени од страна на јавен обвинител, моторното возило е одземено. Внатрешна контрола поднела предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрекла задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

To top