Регион

Убедлив триумф на Радев со Прогресивна Бугарија, според првите резултати

Со 37,5 проценти од гласовите, партијата на експретседателот ќе има мнозинство од 105 пратеници од вкупно 250 во Собранието

Прелиминарните резултати од парламентарните избори кај источниот сосед на Македонија навестуваат уверлива победа на експретседателот Румен Радев со неговата новоформирана партија Прогресивна Бугарија со 37,5 проценти од гласовите.

Далеку зад „прогресивците“ на донеодамнешниот шеф на државата е коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов со 16,2 отсто, а трет е коалицискиот двоец Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија со 14,3 отсто.

Во новиот состав на Собранието ќе влезат уште три политички субјекти, и тоа Движењето за права и слободи (ДПС) со 8,4 проценти, Преродба со 4,9 отсто и Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 4,1 отсто.

Ако остане вака, во Парламентот од 250 члена огромно мнозинство, но недоволно за самостојно формирање влада, ќе има Прогресивна Бугарија со 105 мандати, пред ГЕРБ-СДС со 46, ПП-ДБ со 40, ДПС со 24, Преродба со 14 и БСП со 11.

Под цензусот од 4 проценти се МЕЧ, Алијанса за права и слободи (АПС), Величие, „Сијание“ и досега парламентарната Има таков народ на Слави Трифонов, која совои само 1 отсто гласови, според првичните резултати,

Излезеноста на избирачите до 19 часот беше 46,76 проценти.

Најнови вести од: Регион

Британски „Фајненшел Тајмс“: Румен Радев е „Тројанскиот коњ’ на Владимир Путин во Европа“, кој може да „формира и промосковски ориентирана влада“!

„Пријателски настроениот кон Русија поранешен претседател Румен Радев се предвидува да победи на парламентарните избори на 19 април 2026 година во трката за премиер. Тој се повлече од претседателската функција во јануари, за да се кандидира за помоќната премиерска функција. Левичарската партија „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев е на врвот на анкетите за јавното мислење пред осмите предвремени избори во земјата за пет години. Победата на Радев би можела да ја приближи Бугарија – југоисточната членка на ЕУ и НАТО до Москва.“ – објави вчера угледниот британски весник „Фајненшл Тајмс“ во својата анализа со наслов „Тројанскиот коњ’ на Владимир Путин е во водство на бугарските избори“.

To top