Македонија

Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор, заради откочување на македонската евроинтеграција. – Сум го запознала Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за многу работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение, рече денеска Сиљановска Давкова во одговор на новинарско прашање.

Ефективната власт во Бугарија, посочи македонската претседателка, е лоцирана кај владата, кај поранешниот претседател, сега веќе иден премиер, кому сигурно ќе му биде доделен најпрвин мандат за состав на влада.

– Тоа остава простор за разговори. Она што е ново е драматичната состојба во светот, во амбиент на драматично сменет меѓународен поредок безбедноста добива на тежина, важноста, говорам за важноста на ЕУ, говорам за опасноста и потребата од градење отпорност кон можни фактори и актери на Бaлканот. Балканот секогаш бил зона за тестирање на односите на големите сили, лакмус, тоа сигурно ќе биде и сега и очекувам третирање на проширувањето не само низ призма на поголема ЕУ, компетитивна на глобалната политичка сцена, туку и поголема безбедност. Ние имаме 100 проценти усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ и повеќе држави од регионот – Црна Гора и Албанија, и очекувам да се видиме да разговараме, се разбира со двете знамиња и да трагаме по ново решение, рече Сиљановска Давкова.

Бугарија, оцени таа, добиива премиер кој ужива голема поддршка, кој има големо искуство и почит на голем број граѓани и се надевам дека тоа ќе го искористи во најдобра можна мерка за надминување на проблемите, со кои се соочува Бугарија, што се таложеа низ честите промени на владите. Тоа, според неа, од една страна го прави многу силен, но од друга, потенцираше, кога луѓето ќе дојдат на власт и можат да ги управуваат работите умеат понекогаш да посегнат и по подобри решенија.

Најнови вести од: Македонија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање,

To top