Македонија

Косовецот (39) се обиде и вчера, „вооружен“ со тесла, да крши и да краде во продавница за цигари во Скопје, но сега е фатен и му претстои притвор

Со тесла упаднал во маркет, украл стока вредна 860 евра, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен косовски државјанин поради основано сомнение дека сторил кривично дело тешка кражба, како и обид за извршување на истото дело. Според обвинителството, осомничениот на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, по што влегол внатре, пребарувал и одзел пари од дневниот промет, алкохолни пијалоци, цигари и други производи, со вкупна вредност од 860 евра (52.900 денари). По кражбата, избегал со велосипед.

На 18 април повторно се обидел да влезе во истиот објект на ист начин, но бил забележан од минувачи и вработени, кои случајот го пријавиле во полиција.

Од Обвинителството информираат дека постојат околности, што укажуваат на опасност од бегство, особено поради тоа што осомничениот непријавено престојувал во државата. Затоа е доставен предлог до судија на претходна постапка за определување притвор.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top