Македонија

Манасиевски: СДСM работи на регионални опозициски сојузи и на политички проекти во други држави наместо на домашната сцена!

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека раководството на СДСМ е фокусирано на политички активности надвор од државата, наместо на домашната политичка сцена.

Според Манасиевски, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во текот на изминатата недела остварил средба во Македонија со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија. На средбата, како што тврди Манасиевски, се разговарало за можна соработка и заеднички настап меѓу СДСМ и дел од српската опозиција, со цел формирање поширок опозициски фронт.

Посочи дека Ружиќ претходно бил суспендиран од својата партија поради несогласувања со владините политики во Србија, додавајќи дека ваквите контакти отвораат прашања за улогата на СДСМ во регионалните политички процеси.

Манасиевски истакна дека зад овие активности, според нивните информации, стојат поранешниот премиер Зоран Заев и советникот за надворешни односи Зоран Башановиќ. „Наместо да се насочат на македонските граѓани и да бидат конструктивна опозиција, тие работат на политички проекти во други држави.“, изјави Манасиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија критика дека ваквите активности придонесуваат за, како што велат, намалување на политичкото влијание на СДСМ во земјата, оценувајќи дека партијата се оддалечува од домашните приоритети.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top