Македонија

Апелација не дава ново судење за „27 април“

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието

Апелациониот суд одлучи да не го прифати барањето на осудените за случајот 27 април, кои бараа повторување на постапката, објави Фокус.

„Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жалбениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеното решение не содржи такви недостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот“, се наведува во одлуката на Апелациониот суд.

Со ваквата одлука Апелација го потврди решението на Кривичниот суд донесено на 15.12.2025 година, со кое се одлучува дека нема законски простор за повторување на постапката.

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии

Очекуваме систем на гаранции од европските институции и решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече шефот на македонската дипломатија

Македонската армија слави 34-ти роденден

Со учество во меѓународни мисии, поддршка на цивилните институции, исполнување на НАТО-целите за способности и континуирана модернизација, таа останува посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и нејзините граѓани.

To top