Македонија

Во Македонија нема граѓани без здравствено осигурување

Законот за здравствено осигурување предвидува неколку основи врз кои граѓаните можат да бидат осигурани, со што се обезбедува широка и сеопфатна покриеност за населението

 

Фондот за здравство во Република Македонија предупредува на построга контрола и поголема транспарентност во здравството

„Во Македонија, како социјална држава, нема категории граѓани кои остануваат без здравствено осигурување“, нагласи генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски.

Тој објасни дека Законот за здравствено осигурување предвидува неколку основи врз кои граѓаните можат да бидат осигурани, со што се обезбедува широка и сеопфатна покриеност за населението.

Според него, дури и за оние граѓани кои не можат да бидат осигурани врз која било од постојните основи – главно лица без приходи – постои посебна категорија. За оваа група, здравственото осигурување се покрива преку програма на Министерството за здравство.

Клековски нагласи дека во овие случаи државата плаќа придонеси за здравствено осигурување, осигурувајќи дека дури и граѓаните без приходи имаат пристап до здравствени услуги.

Тој подвлече дека овој модел го зајакнува социјалниот карактер на здравствениот систем и обезбедува универзална покриеност за сите граѓани на земјата.

(Фото): Секој четврти осигуреник не остварува приходи, што тука прави државата?!

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: Заев и Димитријевиќ водат „тајни операции“ за формирање опозициски фронт во Србија

Манасиевски посочи дека на средбата присуствувале Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ, за кој истакна дека е меѓународен секретар на српската СДС и еден од основачите на движењето „Отпор!“.

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Партијата упатува и политички критики, посочувајќи дека градоначалникот треба да ги слуша граѓаните, а не други политички или бизнис интереси.

Царинска управа: Зголемена наплатата од увоз на тутун, спречени осум обиди за шверц

За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра.

To top