Двете опозициски партии СДСМ и ДУИ кои ширеа лаги дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ имале бугарско државјанство се ставени во ,,Шах – Мат” позиција во Собранието.
Дел од пратениците кои беа обвинувани за поседување бугарско државјанство поднесоа предлог закон со кој сите што имаат двојно државјанство ќе мораат да го напуштат Парламентот.
Засега не е познато колку пратеници ќе настрадаат за поседување на пасошна странска држава но сигурно меѓу нив нема да видат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го поднесоа предлог законот.
Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски кој е потписник на законот бара сите што ги шират лагите за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да излезат надвор од собранието и без поддршка од пратеничкиот имунитет да ги искажат лагите по што ќе добијат тужба за лаги.
Пред неколку дена СДСМ објави лажна вест според која Милошоски и неколку други функционери имаат бугарски пасоши.
