Хроника

Ученици од Угостителското училиште мавале со камења по слоницата во Зоолошката градина во Скопје, а професорите на пиење кафе!

„Не сакам да генерализирам – не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни, но вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е игра“ – сподели зоонегувателот во својата објава.

За време на посета на скопската зоолошка градина група ученици од средното угостителско училиште „Лазар Танев“ фрлале камења по слоницата, а за тоа време професорите пиеле кафе во кафетерија во градината и не реагирале, објави зоонегувателот Виктор на својот профил на Фејсбук.

„Денеска имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во кафич. Не сакам да генерализирам – не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни, но вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е игра“ – сподели тој во својата објава.

Во постот тој вели дека за инцидентот бил информиран директорот на училиштето и дека тој „изреагирал“.

„Се надевам дека ќе има некакви реперкусии за ова однесување“ – пишува негувателот на животни во скопската зоолошка градина.

Најнови вести од: Хроника

Шест возачи уапсени, 262 казнети: акција на МВР низ Скопје и контроли на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли

Во текот на изминатата вечер и ноќ, од 21 кон 22 август, полицијата во Скопје казнила 262 возачи во рамки на засилена сообраќајна контрола, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Акцијата била спроведена од 18 часот до 1 часот по полноќ од Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје.

ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ го плаќал лебот по 126 денари за килограм! – Малверзации и кај душеците за студентите!

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе, како што наведува, малверзации и недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода, при што најмногу во очи паѓа сознанието дека домот набавувал леб по цена од 126 денари за килограм!

To top