Економско-социјалниот совет го издигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде социјалниот дијалог е суштински дел од носењето на политиките, изјави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. На едница на ЕСС, информира, се отворени важни прашања што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки и законски решенија.
Министерот посочи дека е разгледан Годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, со акцент на постигнатите резултати и потребата од дополнително унапредување на социјалниот дијалог.

Дискутирано е и за Предлог-законот за младински додаток кој посочи претставува значајна мерка за поддршка на младите, нивно задржување во државата и поттикнување на економската активност, како и за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, особено во делот на бенефицираниот стаж, со цел обезбедување поправеден и поодржлив систем за работниците во ризични професии.
- Оосбено важна точка беше Оперативниот план за вработување за 2026 година со кој предвидуваме околу 40 милиони евра за поддршка на самовработување, отворање нови работни места и обуки, што ќе придонесе за намалување на невработеноста, истакна Дурмиши, најавувајќи дека оперативниот план ќе биде објавен до крајот на месецов или на почетокот на следниот месец.
Разговарано е и за Предлог-законот за заштита од пушење, како и за Извештајот за работењето на Агенцијата за вработување.