Свет

Трамп: Не ни требаа сојузници за војната со Иран – тоа повеќе беше тест

Американскиот претседател ја критикуваше владата на Велика Британија и другите сојузници за нивниот одговор на војната во Иран

 

Тој рече дека „не е задоволен“ од нивото на поддршка што ја обезбеди Велика Британија, додека британскиот премиер Стармер постојано повторуваше дека земјата нема да биде вовлечена во поширок конфликт.

На прашањето зошто му е потребна вклученост на сојузници како Велика Британија, тој за Би-Би-Си изјави:

„Воопшто не ни требаа, но требаше да бидат вклучени. Очигледно не ни требаа. Ја уништивме иранската војска. Не ни требаше никој.“

Тој додаде дека неговите повици за поддршка на сојузниците всушност беа за да видат дали ќе се вклучат. „Тоа беше повеќе тест“, рече тој.

На Трамп беше прашан и дали неговата закана претходно овој месец дека „целата цивилизација ќе умре вечерва“ ако Иран не се согласи на договор е поврзана со нуклеарно оружје. Коментарот беше осуден од многумина, вклучително и од Папата…

„Другата страна очајно сака да склучи договор. Значи, што и да кажам или направам, се чини дека функционира многу добро“, одговори Трамп.

Најнови вести од: Свет

Хаотичниот систем за влез / излез во Европа може да потрае и до две години и да ги измачува патниците!

Два месеци по лансирањето на новите биометриски гранични проверки во Европа, долгите редици и недоследните процедури продолжуваат да ги фрустрираат патниците. Функционер на Фронтекс предупредува дека проблематичниот систем за влез/излез може да потрае до две години за целосно да се стабилизира, перспектива што туристичката индустрија ја нарече „многу болна“, објави „Еуроњуз“.Фронтекс, агенцијата која помага во управувањето со надворешните граници на ЕУ, призна дека собирањето биометриски податоци е едно од главните проблеми што предизвикуваат проблеми во почетната фаза на шемата.

To top