Свет

Трамп „заспал“ на состанок во Белата куќа (ВИДЕО)

Белата куќа ги оправдува ваквите ситуации тврдејќи дека претседателот всушност не спие, туку „внимателно слуша“ или едноставно „ги одмара очите“

 

Американскиот претседател, кој наскоро ќе наполни 80 години, „заспал“ среде состанок – по којзнае кој пат.

Очните капаци на Трамп видливо се отежнаа на средина од телевизиското обраќање во четврток попладне, за време на кое тој објави договор со фармацевтската компанија Реџенерон. Додека министрите и раководителите на фармацевтските гиганти стоеја зад него во Овалната соба, Трамп целосно ги затвори очите, а потоа се разбуди и повторно ги отвори неколку пати, пренесува Индекс.хр

Иронично, ова е истиот човек кој со години му се потсмеваше на поранешниот претседател Џо Бајден и го нарекуваше „Поспаниот Џо“. Но, судејќи според снимките од Белата куќа, се чини дека прекарот сега му одговара многу повеќе на Трамп.

Ова не е прв пат Трамп јавно да задрема пред камерите. Последниот пат кога ова се случи беше минатиот месец за време на состанок на кабинетот, кога министерот за одбрана Пит Хегсет се налути на медиумското известување за американско-израелската војна против Иран и Либан.

Само неколку дена претходно, тој исто така се појави како да заспа на прес-конференција за работната група во Мемфис.

Од овие „попладневни дремки“ на работа до неговите неодлучни објави на социјалните мрежи со кои отворено повикува на геноцид, постои сè поголем број докази што сериозно ја доведуваат во прашање моменталната ментална состојба на американскиот претседател.

Белата куќа претходно официјално ги оправдуваше ваквите ситуации тврдејќи дека претседателот всушност не спие, туку „внимателно слуша“ или едноставно „ги одмара очите“, додека самиот Трамп во интервјуа тврдеше дека кратката дремка е „многу опуштачка“ и „му помага да се концентрира“.

Најнови вести од: Свет

Дали тајната служба потфрли? : Венс изнесен пред Трамп, додека претседателот падна на подот среде евакуацијата (ВИДЕО)

Засега, официјалните изјави нагласуваат дека сите високи функционери се безбедни и дека ситуацијата е ставена под контрола. Сепак, видеата што брзо се раширија низ социјалните мрежи продолжуваат да предизвикуваат дебати за безбедносните протоколи околу највисоките претставници на американската власт.

To top