Македонија

Стаменкоска-Трајкоска: Безбедноста е приоритет и не смее да биде предмет на политика

Во овој момент, надлежните институции постапуваат и се во тек проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот, додава градоначалничката. Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки.

Градоначалнико Бети Стаменкоска-Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени. Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените.

  • Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот и сочувство до семејството на починатиот. Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени, вели таа.

Во овој момент, надлежните институции постапуваат и се во тек проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот, додава градоначалничката. Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки.

  • Ја разбираме загриженоста на јавноста, но апелираме на одговорност и воздржаност од изнесување непроверени информации и политизација на случајот. Ваквите ситуации бараат сериозен и институционален пристап, а не дневно политички реакции. Општината е отворена за дискусија во рамки на институциите, но одлуките мора да се темелат на факти и стручни анализи, а не на претпоставки. Ќе продолжиме транспарентно да ја информираме јавноста за сите релевантни информации веднаш штом тие бидат официјално потврдени. Нашиот приоритет останува јасен – заштита на граѓаните, почитување на законите и одговорно постапување во интерес на јавноста, истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Најнови вести од: Македонија

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top