Хроника

Обвинителството испитува дали се почитувале мерките за безбедност по несреќата во Kисела Вода

На терен утрово имаше багери и камиони, а местето беше опколено со полиција која не им дозволуваше на новинарските екипи и на минувачите да се приближат до заштитната ограда. Според последните информации од Ургентниот центар, примени се вкупно четири лица, од кои три се со полесни повреди.

Еден градежен работник загина утрово, а четворица се повредени на градилиште во Кисела Вода, откако ги затрупа насип со земја. Градилиштето е во близина на кафулето „Фејс“ на улицата Козјак. На терен утрово имаше багери и камиони, а местето беше опколено со полиција која не им дозволуваше на новинарските екипи и на минувачите да се приближат до заштитната ограда. Според последните информации од Ургентниот центар, примени се вкупно четири лица, од кои три се со полесни повреди.

  • „Четворица повредени работници се примени на Ургентен, еден е со скршеници на нозете, другите се со полесни повреди. Имаат нагмеченци, повреди на лактот. Едниот пациент ќе биде опериран“, изјави за Мета.мк д-р Игор Мерџановски од Ургентниот центар. 

Попладнево соопштение стаса и од Основното јавно обвинителство, од каде што информираат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место на локацијата во Кисела Вода.

  • „Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

Најнови вести од: Хроника

Полициска акција на Македонија, Косово и Грција: разбиена криминална група, запленети 300 килограми марихуана

Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември – судењето почнува на 24 август

„Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен до 13 септември 2026 година, откако беше поднесено обвинение за случајот ‘Лотарија’.“ – информираат од Кривичниот суд. 

To top